Премногу им помагате на вашите деца. Зошто тоа не е добро?

Премногу им помагате на вашите деца. Зошто тоа не е добро?

Понекогаш премногу им помагате на вашите деца. Но важно е тие сами да стекнат искуство и да учат. Задача на возрасните е да и помогнат во стекнувањето на искуства и учењето.

Дајте им можност на децата сами да изберат. Не мора да им бирате облека, играчки, хоби… не одлучувајте вие што е тоа што тие го сакаат, а што е тоа што не го сакаат. Доволно е да им помогнете со разговор и совет, дајте и неколку опции па самите нека изберат што сакаат.

Не правете го наместо нив, она што тие можат да го направат сами. Треба да научат сами да се облечат, сами да си ги врзат врвките од патиките, да си го спакуваат ранецот и сл. Секако дека вие тоа ќе го направите побрзо и подобро, но имајте трпение. Нема секогаш да бидете тука да им помагате.

Кога ќе наполнат 3 години полека навикнувајте  ги на обврски кои ќе треба да ги завршат во текот на денот. Вклучете ги во секојдневните активности (местење на својот кревет кога ќе станат, спремање на своите играчки и сл.). Оставете го детето да јаде само, без разлика на нередот кој ќе го направат.  Нека се бања само, без разлика на нередот кој ќе настане.

На почеток ќе ви треба многу време и труд, но сето тоа ќе создаде самостојно дете кое ќе може само да се грижи за себе. Самостојното дете има самодоверба, исто така е и  среќно, a со самото тоа и успешно.