10 активности за развој на фината моторика

10 активности за развој на фината моторика

🧩Фината моторика е важна за секојдневното функционирање, таа помага да јадеме, да се облечеме, да пишуваме и сл. Поради тоа потребно е да се работи на нејзиниот развој уште од најрана возраст. Фината моторика најлесно се развива преку игра.

 

🎈Следуваат предлози со активности кои го поттикнуваат развојот на фината моторика:

 

✔Активности со пластелин, детето може да прави разни форми од пластелин. Со тоа се поттикнува фината моторика, имагинацијата и креативноста кај детето. Може да се учат и боите, формите, буквите, броевите и сл.

 

✔Активности кои вклучуваат сечење на цевки и нижење на конец. Детето може да си направи накит. Со оваа активност се поттикнува фината моторика, концентрацијата, имагинацијата и истрајноста кај детето.

 

✔Активности кои вклучуваат лего коцки или дрвени коцки, со кои детето ќе гради кули, згради и сл. Со оваа активност се поттикнува фината моторика, концентрацијата, имагинацијата и креативноста.

 

✔Активности со топчиња во различна боја, кои детето треба да ги класифицира по боја. Со оваа активност се поттикнува фината моторика, концентрацијата, класификацијата по боја кај детето.

 

✔Шкртање со боички на хартија. Оваа активност е важна за развојот на пишувањето, цртањето, се поттикнува и фината моторика, креативноста и око-рака координацијата.

 

✔Редење на сложувалки. Со оваа активност се поттикнува фината моторика, око-рака координацијата и концентрацијата кај детето.

 

✔Сечење со ножички. Може детето да сече по одредена линија, па потоа да сече и разни облици и форми. Со оваа активност се јакне и мускулатурата на дланката.

 

✔Боење со водени боички со помош на стапчиња за уши. Детето треба да го стави стапчето за уши во бојата и потоа да остави отпечаток на хартијата. Може да прави најразлични цртежи. Со оваа активност се поттикнува пинцета фат, око-рака координација, креативност, имагинација.

 

✔Одлепување на сликички и лепење на хартија. Сликичките или стикерите може да се лепат и по одреден редослед кој ќе му го зададете на детето. Со оваа активност се поттикнува фината моторика, концентрацијата, око-рака координацијата и креативноста кај детето.

 

✔Активности со отворање и затворање на шишиња. Извадете ги капачињата од секое шишенце, потоа детето нека ги стави на шишенцето што припаѓаат, потоа можете да ја повторите постапката.