3 чекори за стекнување на нови знаења и вештини

3 чекори за стекнување на нови знаења и вештини

Нема учење на сила, затоа мотивирајте го детето за стекнување на нови знаења искористувајќи ги неговите интереси. Можеме да го научиме детето механички да повторува или да извршува некоја активност како робот, но тоа знаење не е функционално.

Постојат три чекори кои се потребни за да се стекне некоја нова вештина или знаење:

  1. Регулација – пред почетокот на било каква активност нервниот систем на детето мора да биде во баланс. Односно ако детето е вознемирено, возбудено, ако му е топло или ладно и сл., тоа не може да почне да учи затоа треба да внимаваме на сензорните потреби на детето.
  2. Заедничко внимание – кога нервниот систем е во баланс, тогаш со детето го задржуваме вниманието кон одредената вештина или знаење. Односно ги следиме интересите на детето и не ги игнорираме знаците кои тоа ни ги дава.
  3. Учење – кога нервниот систем е во баланс и заедничкото внимание е присутно, тогаш следува учењето. Тогаш детето се чувствува сигурно и безбедно, има воспоставено контакт со нас и затоа можеме да започнеме со развој на нови и усовршување на веќе постоечките вештини.