5 причини зошто сликовниците се важни за децата

5 причини зошто сликовниците се важни за децата

Сликовниците стануваат дел од животот на детето уште од најрана возраст. Сите знаеме дека читањето е важно за детскиот развој, но постојат и конкретни причини за да му се чита на детето уште од најрана возраст.

  1. Детето се запознава со читањето – сликовниците се најчесто првите книги кои им ги читаме на децата, најмногу поради сликите. Но и затоа што приказните се кратки и лесно детето може да не следи. Кога му читаме на детето од најрана возраст ние му покажуваме дека читањето е важно.
  2. Читањето го поттикнува развојот на говорот – илустрациите  како и зборовите се добар поттик за започнување на разговор со детето. Додека читаме или раскажуваме за илустрациите во сликовницата или додека разговараме со детето за нив, го вклучуваме и него и на тој начин го стимулираме разбирањето кај детето и го прошируваме неговиот речник.
  3. Читањето го поттикнува развојот на визуелната перцепција и мислењето – преку поврзување на илустрациите со изговорените/прочитаните зборови детето добива можност да ги разбере зборовите и да ги поврзе со нивното значење.
  4. Со читањето се развива активното слушање – додека му читаме на детето тоа е присутно во моментот. Со менување на бојата на гласот го привлекуваме вниманието на детето и на тој начин го поттикнуваме активно да го слуша она што го зборуваме следејќи ги илустрациите на сликовниците.
  5. Детето се запознава со емоциите – илустрациите  се тука за да ја претстават приказната, да пренесат емоција, да претстават некоја ситуација. Сликовниците даваат можност детето да ги набљудува илустрациите кои прикажуваат различни емоции на ликовите и нивната интеракција .