10 активности кои ја подобруваат оралната праксија кај децата

10 активности кои ја подобруваат оралната праксија кај децата

Оралната праксија претставува волна мускулна активност на говорниот апарат.

Говорниот апарат го сочинуваат: усните, јазикот, образите, мекото непце, тврдото непце и вилицата.

За правилен развој на говорот важно е со мускулите на лицето, устата и јазикот да се изведат различни движења. Добро развиена орална праксија е дел од условите за правилен изговор на гласовите. Созревањето на оралната праксија го следи физиолошкиот развој.

Оралната праксија ги опфаќа: координацијата на движењата, мускулниот тонус, мускулната сила, движењето на мускулите, брзината на движењето, способноста за независни движења (пр. движење на јазикот без да се придвижи долната вилица).

Во продолжение следуваат неколку активности со кои може да се стимулира оралната праксија кај детето:

  1. Детето да јаде тврда храна
  2. Да дува балончиња од сапуница
  3. Да пие вода со цевка
  4. Да се вежба дишење преку нос и издишување преку уста
  5. Да се вежба дишење преку уста и издишување преку нос
  6. Да ги надува двата образи истовремено, па потоа наизменично едниот па другиот.
  7. Да се смее така што ќе му се гледаат забите, и да се смее без да се гледаат забите, така наизменично
  8. Да го подига врвот на јазикот кон горното непце
  9. Да прави движења на долната вилица од лево кон десно и обратно
  10. Да ја гризе долната усна со забите од горната вилица и обратно.

 

Вежбите кои ја подобруваат оралната праксија може да се изведуваат пред огледало, и на тој начин на детето ќе му биде забавно додека ги изведува.