10 активности со кои ќе му помогнете на вашето дете кое ќе биде прваче

10 активности со кои ќе му помогнете на вашето дете кое ќе биде прваче

Наскоро ќе започне нова учебна година, со тоа и еден нов период за родителите кои имаат првачиња. Училишниот процес може да претставува предизвик за детето, но и за родителот. Во овој период детето учи многу нови работи, запознава нови другарчиња, се осамостојува и расте.

Во продолжение следуваат 10 активности со кои ќе му помогнете на вашето дете кое ќе биде прваче :

  1. Добро би било да му се објасни на детето дека завршува со одење во градинка и дека сега ќе оди во училиште и таму ќе има нов наставник, нови другарчиња и сл., бидејќи кај детето може да постои страв од одење во училиште.
  2. Добро би било да се прошета детето до училишниот двор, да му се објасни како функционира училиштето, што означува ѕвонењето на ѕвончето, дека ќе има одмор после секој час и сл.
  3. Важно е детето да не се заплашува со училиштето.
  4. Добро е на детето да му се објасни како изгледа еден училишен час и која е улогата на наставникот.
  5. Од децата се очекува да ги знаат буквите и броевите пред да тргнат во училиште. Затоа вежбајте го пишувањето на буквите и броевите, исто и поврзувањето на буквите со поими.
  6. Добро би било со детето да се изведуваат активности кои подолго траат, за детето да стекне навика за времетраењето на училишниот час, и да може да се сконцентрира за време на еден наставен час.
  7. Децата на оваа возраст би требало да имаат доминантна рака, да покажуваат лева и десна рака, да се ориентираат во простор и време. Затоа играјте игри со детето кои ќе му помогната да се ориентира во просторот и времето (пр. Со твојата десна рака покажи ми го твоето десно око, потоа што има горе, долу, лево десно. Каде беше вчера? итн.
  8. Децата на оваа возраст треба самостојно да се облекуваат, да ги обавуваат физиолошките потреби и да одржуваат лична хигиена. Затоа работете со детето низ игра за да ги стекне овие навики.
  9. Кај детето добро е да се направи шема за рано легнување и рано станување, која би одговарала на одењето во училиште. Треба да се прилагодат и оброците на детето со оние ќе ги има во училиштето.
  10. Учете го детето на различности. Во училиштето може да има деца на кои ќе им треба дополнителна помош за да ги изведуваат задачите, деца кои не можат да комуницираат со говор но сепак има друг начин на комуникација. Научете го детето да се дружи со тие деца иако се различни од него.

 

Доколку сметате на вашето дете отстапува во поголем број  од горе наведените работи тогаш консултирајте се навремено со стручно лице. Едноставни насоки зададени од стручното  лице можат да допринесат многу за развојот на детето.