Како развојот на моториката е поврзан со говорот ?

Како развојот на моториката е поврзан со говорот ?

💡Моториката и говорот се тесно поврзани. Тоа јасно се гледа со тоа што кога е активен центарот за моторика во мозокот, активен е и центарот за говор и обратно.

🧍Сознајните функции се надоградуваат кога детето се повеќе се движи, затоа не треба да му се ограничува движењето.

💡Кај децата треба да се поттикнува: лазењето, одењето, трчањето, скокањето, качувањето, фрлањето, фаќањето, шутирањето на топка, клекнувањето и сл.

💡Брзината на движењата, насоченоста, брзината и координацијата го содржат добро организираниот психомоторен развој.

👉Децата додека не почнат да зборуваат или во моментите кога не знаат да се искажат, тие комуницираат со гест за да ги разбереме.

🗣️За детето да прозборува неопходно е да ги контролира мускулите на лицето, образите, усните и јазикот. Добро развиена орална мускулатура и орална праксија се предуслов за развој на говорот.

🤚Од големо значење е развојот на фината моторика за развој на говорот. Развојот на фината моторика прецизен и ускладен, како таков влијае на развојот на нервниот систем, и меѓу останатото и на говорот.

🧠Центрите во мозокот за фините моторни активности и продукцијата и разбирањето на говорот се многу блиску поставени и со стимулација на едниот се стимулира и другиот.

🤚✍️Може да се забележи дека кај децата кои каснат со говорот или имаат некој говорно-јазичен проблем, често имаат и лоша фина моторика. Во голем број случаи не е формиран правилен фат, фаќаат со три прсти или со цела дланка, не можат да изолираат движење со еден прст, графомоториката е лоша, пишувањето е тешко, не ги користат двете раце истовремено и сл.