Кога е време да посетите дефектолог

Кога е време да посетите дефектолог

Ова прашање во последно време е актуелно. На него може да се одговори на следниов начин НИКОГАШ НЕ Е РАНО ДА СЕ ПОСЕТИ ДЕФЕКТОЛОГ.

 

Често се случува на родителите кои се сомневаат дека нивното дете доцни во развојот, да им посочат било тоа да се педијатри, соседи, пријатели, роднини и сл., дека машките деца се мрзеливи подоцна прозборуваат, додека па девојчињата се неспретни и разни други митови кои се однесуваат на развојот на децата.  Важно е да знаете дека НИКОГАШ НЕ Е РАНО ДА СЕ ПОСЕТИ ДЕФЕКТОЛОГ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТАА ПОСЕТА Е САМО ПОРАДИ КОНСУЛТАЦИЈА.

 

Постојат развојни мапи кои ни говорат како треба да се одвива развојот на децата во одредена возраст, но не значи дека нешто мора да се случи баш во тој  одреден момент, бидејќи секое дете поседува индивидуални карактеристики и потенцијали. Меѓутоа тие развојни мапи се корисни за да го следиме развојот на детето. И со помош на тие развојни мапи може да забележиме кога ќе се појават одредени отстапувања во развојот и усвојување на одредени вештини и способности.

 

На возраст од 12 месеци па се до 3 години, некои од знаците кои можат да укажат дека ви е потребна консултација се:

📌Детето не се врти кога го довикувате по име.

📌Отсуство или краток контакт со очи, и генерално контакт со своите блиски.

📌Недостаток на имитација на едноставни активности (чао, браво и сл.)

📌Впечаток дека детето гледа „низ нас“ кога му даваме едноставен налог (земи, дај, фрли).

📌Отсуство или тешко воспоставено заедничко внимание.

📌Отсуство на вербализација и комуникација.

📌Тешко заземање на положба во просторот, изразени потешкотии при изведување на моторички активности.

📌Тешко воспоставување на рамнотежа при одење.

📌Избегнување на одредени групи на стимулации или пак изразено барање на одредени стимулации.

 

Важно е да се знае дека доколку се забележи некој од наведените знаци, тоа не значи дека детето доцни во развојот. Поради таа причина е важно да се консултирате со дефектолог. И низ разговор со него ќе добиете дополнителни информации за развојот на детето, инструкции за понатамошна стимулација на развојот на детето.

 

За детето да ги развива сите свои потенцијали потребно е да има стимулативна средина, простор за игра, без екрани, многу игри, помалку играчки, вербализација и опишување на се што се прави, што повеќе поминато време во заедничка игра