Кој се придобивките од играта во раното детство?

Кој се придобивките од играта во раното детство?

Играта им овозможува на децата да ја користат својата креативност додека ја развиваат имагинацијата, моториката, емоциите итн. Играта е важна за правилен развој на мозокот. Таа е начин на кој детето на рана возраст влегува во интеракција со светот кој го опкружува.

Низ игра самостојно или со врсниците детето се развива и учи, како да ги користи предметите, го запознава светот околу себе, забележува разлики и сличности. Играјќи си детето развива и говор, социјални вештини, моторика, математички поими, се развива мислењето и сл.

Играта е важен дел од детството, таа има значајна улога во развојот на детето, а на родителите им овозможува да се поврзат со детето. Играта е спонтана активност и при заедничка игра потребно е да се следат интересите на детето и да му се даде можност на детето да си игра и само. Важно е да не преземаме секогаш улога на водач на играта, туку да му дадеме на детето модел на однесување според кој тоа ќе учи. Во играта важно е да се обезбеди реципроцитет, на детето да му се даде можност тоа да ја води играта, потоа и родителот да ја води играта. Ние сме тука да ја следиме играта и да ја надоградуваме.

 

Постојат 4 видови на игра и тоа:

  1. Функционална игра – тоа е едноставна игра која му овозможува на детето да учи со помош на искуства.
  2. Конструктивна игра – игра која подразбира градење или правење на некоја конструкција (пр. зграда од коцки и сл.).
  3. Игра на улоги – игра со имитација и симболичка игра каде детето имитира некое однесување.
  4. Игра со правила – тоа е игра во која детето почитува правила на игра и со тоа ги развива социјалните вештини.