Моторен развој кај децата од 2 до 4 годишна возраст

Моторен развој кај децата од 2 до 4 годишна возраст

Моторниот развој кај децата е од големо значење, затоа што со него започнува целокупниот развој. Моторниот развој е збир на физички вештини, кои се јавуваат уште од најрана возраст. Моторниот развој влијае на развојот на говорот, когнитивниот и емоционалниот развој и социјализацијата на детето.

 

Моторен развој кај децата од 2-3 годишна возраст:

 

🏃‍♂️Груба моторика

📌Детето трча брзо без да падне, колената и стапалата се свиткани;
📌Се качува и симнува без придржување;
📌Фрла топка на различни страни;
📌Гради кула од 4-6 коцки;
📌Може да оди на прсти;
📌Се обидува да стои на една нога;
📌Моторните активности не се одмерени на пример: стиска премногу, пушта неконтролирано.

 

✋Фина моторика

📌Ја пронаоѓа играчката во купот играчки;
📌Ги спојува предметите по форма или боја;
📌Моливот го држи како нож;
📌Чкрта хоризонтални, вертикални, и кружни линии на хартијата;
📌Помага при облекувањето на чорапите и панталоните;
📌Со движења во просупинација ја навива играчката;
📌Може да носи работи кои не се кршат.

 

Моторен развој кај децата од 3-4 годишна возраст:

 

🏃‍♂️Груба моторика

📌детето трча стабилно, брзо без да паѓа;

📌оди стабилно по нацртана линија;

📌може да стои неколку секунди на една нога;

📌се качува и симнува по скали без придржување;

📌вози трицикл;

📌скока во далечина.

 

✋Фина моторика

📌може да ја фрли топката напред;

📌закопчува и откопчува копчиња на облека;

📌држи молив со три прсти и положбата на раката е слична како кај возрасна личност;

📌црта хоризонтални и вертикални линии, може да прецрта круг;

📌вешто се служи со лажица и се обидува да користи виљушка;

📌сложува вешто 10 коцки во вертикална низа.