Моторен развој кај децата од 4 до 6 годишна возраст

Моторен развој кај децата од 4 до 6 годишна возраст

Моторниот развој е збир на физички вештини, кои се јавуваат уште од најрана возраст. Моторниот развој влијае на развојот на говорот, когнитивниот и емоционалниот развој и социјализацијата на детето.

 

Моторен развој кај децата од 4 до 5 годишна возраст:

 

🏃‍♂️Груба моторика

 

📌Детето

📌самостојно и стабилно се качува и симнува по скали;

📌стои на една нога од 8 – 10 секунди;

📌скока на една нога;

📌фрла со топка кон одредена цел;

📌седнува директно на стол како возрасен;

📌оди по грда држејќи рамнотежа.

 

✋Фина моторика

 

📌игра со коцки и прави свои модел;

📌се облекува и соблекува речиси самостојно;

📌ги одврзува врвките на патиките;

📌сече со ножички, ја следи правата линија;

📌прецртува дијагонални линии и квадрат, но едниот агол е заоблен;

📌се обидува да бои во рамки на линиите;

📌препишува некои букви и бројки;

📌боичките ја држи со три прста (правилен фат).

 

 

Моторен развој кај децата од 5 до 6 годишна возраст:

 

🏃‍♂️Груба моторика

 

📌трча стабилно;

📌скока назад со една нога;

📌детето има добра рамнотежа при извршување на сложени локомоторни активности како што се трчање, скокање, качување, прескокнување;

📌заобиколува подвижни и неподвижни предмети при трчање и прескокнува повисоки препреки при истата активности.

 

✋Фина моторика

 

📌самостојно ги пишува броевите од 1 до 10 и самостојно пишува букви;

📌прецртува триаголник;

📌бои во рамки на линиите;

📌прецизно сече слики;

📌при цртање и пишување, моливот го држи правилно;

📌црта едноставни цртежи кои имаат детали;

📌употребува прибор за јадење;

📌реди сложувалки од 20 дела.