Општи показатели за можни нарушувања во развојот

Општи показатели за можни нарушувања во развојот

Показатели кај деца од 0 до 3 месечна возраст:

 

📌Неподигање на главата од лежечка положба;

📌Непринесување на дланките до устата;

📌Заостанување на главата при повлекување на бебето од лежечка во седечка положба;

📌Ризик врз основа на значителна медицинска историја;

📌Забележителна хипертонија и хипотонија;

📌Асиметричност на спонтаните активности, односно слаба активност на едната страна во однос на другата;

📌Неможност да се доведе главата во средишна линија при положба на грб, на возраст од 3 месеци;

📌Типично вознемирено однесување;

📌Слаба способност за носење на тежината и слаба стабилност на рамениците во положба на стомак на возраст од 3 месеци;

📌Дланката е стегната како тупаница;

📌Палецот е во дланката;

📌Вкрстување на нозете.

 

Показатели кај деца од 4 до 6 месечна возраст:

 

📌Неможност за подигање на главата кога бебето е поставено да лежи на стомак;

📌Не следи со поглед и не фиксира предмет;

📌Не контактира со поглед и насмевка;

📌Не реагира на видни и слушни дразби;

📌Асиметрични движења;

📌Ограничена способност да се доведат рацете во средишна линија;

📌Слаба способност за носење на тежината и за антигравитациска екстензија во положба на стомак;

📌Недоволно потпирање на подлактици;

📌Продолжена реакција на автоматско одење;

📌Изгледа како да има доминантна рака;

📌Хипотонија и хипертонија;

📌Неможност да ја задржи страничната лежечка положба на возраст од 4 месеци;

📌Сиромашно оценети движења;

📌Слаба толеранција на движења, транзиции и текстури;

📌Слабо визуелно следење – хоризонтално, вертикално и кружно;

📌Слабост во фаќањето, досегнувањето;

📌Неспособност да ја префрлат тежината преку подлактиците или исправените раменици во положба на стомак.

 

Показатели кај деца од 6 до 12 месечна возраст:

 

📌Хипертонија и хипотонија;

📌Генерално ограничена мобилност, намален репертоар на движења;

📌Слабо фаќање;

📌Изгледа како да има доминантна рака;

📌Неможност самостојно да ја одржи седечката положба;

📌Слабо визуелно следење и координирано фаќање;

📌Неспособност да се промени положбата;

📌Квалитет на движења и антигравитациски положби;

📌Слаби или недостаток на транзициски движења.

 

Ако забележите дека вашето дете има некои од овие показатели, добро би било да се консултирате со стручни лица, кои ќе утврдат дали на вашето дете му е потребна поддршка во понатамошниот развој.