10 совети како полесно детето да почне да зборува

10 совети како полесно детето да почне да зборува

  1. Зборувајте му на децата од раѓање

-Новороденчето не го разбира вашиот говор, но го препознава вашиот глас. Доколку стално му се обраќате, детето ќе почне да прави разлики и да ги препознава Вашите намери и емоции врз основа на Вашата интонација. Погледот, изразот на Вашето лице, и тонот на Вашиот глас, бебето ќе почне да ги препознава и покасно ќе почне да реагира на нив. Најпосле ќе почне да се обидува и само да се изрази преку својот глас.

Секоја мајка умее да ги препознае потребите на детето врз основа на тоа како се огласува. Ова се првите чекори во остварувањето на комуникацијата.

 

2.  Секогаш дајте одговор на гугањето и огласувањето на Вашето дете

Кога бебето гуга или се огласува, тоа Ве повикува на дружење. Приклучете се! Уживајте во интеракцијата со Вашето бебе. Доволно е да го погледнете бебето, да се насмевнете и да му се обратите.

Имајте во предвид дека ако одговорите на гугањето на бебето Вие со тоа го наградувате и го учите на комуникација!

 

      3. Вашиот говор секогаш нека биде попратен со мимики и гестови

Пред да почне бебето да го разбира говорот, ќе го разбира гестот и мимиката, а исто така пред да почне да зборува, бебето ќе се изразува преку гест и мимика. Гестот и мимиката ќе му олеснат на бебето подобро да ја разбере ситуацијата, а покасно да ги разбере и поимите. Пр.: „Ја сакаш тропалката?“ – Покажете со прстот кон неа и направете експресивна мимика на лицето.

 

    4. Објаснувајте го на детето тоа што во моментот го правите

Ако бебето ве гледа додека го пресоблекувате, покажете му ја чистата пелена која ќе му ја ставите. Кажете: Сега ќе ја замениме пелената. Именувајте ги сите сегменти на оваа активност. Истото може да го направите и со постаро дете додека облекувате патики. Сите секојдневни активности и ситуации нека бидат основа за развој на говорот на вашето дете.

    5. Именувајте го она што детето го прави

Кога вашето дете ќе фрли топка, може да му кажете: „Ооо ја фрли топката! Топката ни замина!“ – На овој начин му давате пример на детето како секоја активност да биде проследена со говор, а воедно му овозможувате да ги разбере  и да ги поврзи поимите. На овој начин детето најлесно ќе разбере дека она што го фрлило се вика топка, дека таа активност се означува со „фрли“…

     6. Немојте да инсистирате детето нешто да каже или да повтори по Вас.

Најдобрите правила се:

  • на дете кое не зборува не му поставувајте прашања кое не може да ги одговори
  • не му велете на детето „кажи мама“, „кажи топка“, „кажи мече“…

 

     7. Слушајте го своето дете, гледајте во него и дајте му шанса да одговор

   8. Надоградувајте го веќе постоечкиот речник на детето

9. Не го критикувајте детето и дајте му исправен модел

10. Читајте книги со Вашето дете!