Што е тетизам ?

Што е тетизам ?

Тетизмот претставува говорно-јазично нарушување при кое поголема група на гласови преминува, односно, се заменува со гласовите Т и Д.

Тетизмот кај децата продуцира недоволно јасен и разбирлив говор, при што децата не можат да се искажат на правилен начин. Ова состојба може да се појави некаде околу две и пол годишна возраст, па дури и подоцна, а може да перзистира и до пет годишна возраст, доколку не се детектира и корегира навремено.

Како причини за појавувањето на тетизмот можат да се наведат следните:

– подоцнежно прозборување кај детето, подоцнежен развој на гласовите во однос на возраста, нарушена аудитивна перцепција за одредени гласови кај детето, проблеми со слухот, одредени засегања на централниот нервен систем, лош говорен модел, и слично.

 

Говорни форми во кои се забележува тетизмот, се следниве: тадолет-сладолед,  такам-сакам, ток-сок, патол-пиштол, тите-сите, околи-отвори и слично.

Треба да се знае дека тетизмот може да се вкорени многу длабоко во говорот на детето, а за да се спречи тоа, потребен е навремен и континуиран логопедски третман.