Што претставува внимането кај децата?

Што претставува внимането кај децата?

Вниманието е еден од основните показатели во процесот на созревање на детето, односно базичен параметар на развојот и како такво е највпечатлив маркер кај развојните отстапувања.

Вниманието претставува важен дел од менталните процеси како што се: насоченост, селективност и капацитет на обработка на информациите, фокусираност и флексибилност.

Примери на вежби за развој на вниманието:

🎈Пред детето ставете две слики кои се разликуваат во повеќе елементи и барајте од него да ги пронајде разликите. Материјалот на сликите потребно е да се прилагоди на интересите и на знаењето на детето, исто и бројот на разликите треба да се прилагоди со способностите на детето. Пред детето може да се стави и слика со различни предмети па да се побара од него да најде одреден предмет. Може да барате од детето и да изброи колку предмети има, со што се запознава со броевите и се развива памтењето. Доколку играта на детето му стане монотона променете го предметот кој треба да го најде. Исто така можете на детето да ми дадете налог да ги бара предметите кои се со форма на круг, сите предмети кои се во сина боја и сл.

🎈Спојувањето на точки покрај тоа што се вежба вниманието, добро е и за поттикнување на  око-рака координација, исто така се развива манипулацијата со молив односно графомоториката. Може да се почне со едноставни облици со мал број на точки потоа може да се даваат разни други форми и со поголем број на точки.

🎈Боенките со броеви се добра начин да се вежба вниманието кај детето, и да се одржи мотивацијата. Пример сите балони со бројот 2 да се обојат во сина боја итн.

Потребно е на детето да му се насочи вниманието на разни активности, како и да се задржи неговото внимание на активности кои ќе му овозможат усвојување на одредени знаења (пр. облекување и соблекување на патиките, закопчување на патент, усвојување на бои и облици, препознавање на звуци и др.).

Од голема важност е кај детето да се откријат неговите интереси и да му се овозможат услови и да му се понудат активности кои ќе ја одржат неговата мотивација.