Учење и развој низ игра од 0 до 12 месечна возраст

Учење и развој низ игра од 0 до 12 месечна возраст

Напредувањето кај децата на возраст од 0 до 12 месечна возраст најдобро се забележува преку развојот на грубата и фината моторика, развојот на сетилата, говорно-јазичниот развој и социо-емоционалниот развој.

 

Ви предлагаме активности кои може да ги практикувате со вашите деца, со кои може да се потпомогне нивниот развој.

 

 

✔Активности за деца од 0 до 2 месечна возраст

 

🎈Ставете го детето на градите и практикувајте допир кожа на кожа.

🎈Оставете го бебето самостојно да си игра додека лежи.

🎈Дајте му на бебето играчки кои произведуваат звуци, но тие звуците да не бидат премногу јаки.

🎈Полека движете ти нозете од бебето како да вози велосипед.

🎈Полека правете браво со рачињата до бебето.

🎈Правете најразлични изрази на лицето.

 

✔Активности за деца од 2 до 3 месечна возраст

 

🎈Дајте му на бебето различни играчки во јаки бои, но не повеќе од три.

🎈Пејте и разговарајте со бебето.

🎈Посветете дел од своето време за гушкање со вашето бебе.

🎈Играчките поставете ги малку подалеку од бебето, но сепак доволно блиску за тоа да може да ги дофати.

 

✔Активности за деца од 3 до 4 месечна возраст

 

🎈Пејте песнички, и зборувајте со бебето така што ќе опишувате се што правите.

🎈Поставете му огледало на бебето за да може да се види.

🎈Дајте му на бебето да си игра со играчки од различен материјал.

 

✔Активности за деца од 5 до 6 месечна возраст

 

🎈Играјте со топки.

🎈Вадете и ставајте играчки во кутија.

🎈Дајте му играчки кои кога ќе притисне на копче тие произведуваат звук.

🎈Дувајте балончиња од сапуница.

🎈Дајте му на бебето играчки и предмети кои ќе ги истражува.

 

✔Активности за деца од 7 до 8 месечна возраст

 

🎈Земете му ги играчките за да му се привлече вниманието на бебето.

🎈Дајте му играчки со различна текстура.

🎈Направете му на бебето тунел низ кој ќе може да лази.

 

✔Активности за деца од 9 до 10 месечна возраст

 

🎈Играјте со бебето така што ќе му ја криете играчката под ќебенце, а тоа треба да ја најде.

🎈Пејте песнички и играјте со бебето.

🎈Играјте со топка, со тркалање на топката напред, па назад.

🎈Дајте му на детето да истражува разни материјали и текстури.

🎈Редете кругови еден врз друг.

 

✔Активности за деца од 1 до 12 месечна возраст

 

🎈Цртајте со боички или фломастери.

🎈Нагласувајте ги зборовите (големаааа топкаааа).

🎈Дајте му на бебето нека си игра со предмети од кујната додека вие подготвувате храна.

🎈Направете му на бебето мали препреки по собата.

🎈Играјте со вода, нека претура од една чинија во друга.

🎈Редете сложувалки.

🎈Редете предмети по форма и по основни бои

🎈Редете коцки една врз друга, така што ќе правите зграда па рушете ја.

 

Децата најдобро учат низ игра, затоа одвојте од вашето слободно време играјте и забавувајте се со вашите деца.